Краток разговoр меѓу рускиот премиер и принцот Чарлс во Атина

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот премиер Михаил Мишустин разговараше „на нога“ со британскиот принц Чарлс.

Средбата се одржа на воената парада во Атина по повод Денот на независноста. Мишустин пристигна на плоштадот Синтагма во Атина пред принцот Чарлс. Пристигнувајќи, принцот му пријде на рускиот премиер со кого имаше краток разговор.

Грција ја слави 200-годишнината од националноослободителната револуција од 1821-1829 година. Како резултат на револуцијата што започна во 1821 година, Грција се ослободи од 400-годишниот јарем на Отоманската империја и создаде независна држава.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повика сите лидери и претставници на земјите кои одиграа клучна улога во поддршката на грчката борба за национална независност: Русија, Франција и Велика Британија. Велика Британија беше претставена од принцот Чарлс, Франција – од министерката за одбрана Флоренс Парли, а на церемонијата присуствуваше и претседателот на Кипар, Никос Анастасијадис.

Слични содржини