Кејт Мидлтон важи за една од најдобрите стилизирани дами од „сина крв“. Нејзиниот стил е префинет, некаде помеѓу класичното и модерното, комбинациите се спортски и елегантни кои никогаш не ја преминуваат границата на „пристојноста“. Кодексот на облекување на членовите на британскиот двор вклучува здолништа и фустани со одредена должина – долги, под или веднаш над коленото, деколтето никогаш не треба да биде премногу изложено и слично.
Сепак, пред да се омажи за принцот Вилијам, Кејт воопшто не била толку „скромна“. Деновиве на интернет кружат фотографии од 2008 година и ја прикажуваат војвотката во сосема неверојатно издание!
Кејт, која тогаш имала 26 години, организирала хуманитарен настан со Холи Бренсон на тема 80-тите. Атрактивната бринета се појавила во краток шорц и светкава зелена маичка!
Погледнете како изгледала Кејт пред да се омажи за принцот Вилијам.
Денес таа Кејт воопшто не наликува на војвотка на која сите ѝ завидуваат поради нејзината елеганција и беспрекорен стил.