Денеска 14.02.2020, учениците од основното училиште Живко Брајковски останаа посиромашни за една инклузивна справа од новоизграденото детско инклузивно игралиште во дворот на училиштето.
Справата е насилно извадена и однесена од страна на непознати сторители. Вредноста на штетата изнесува преку 60.000,00 денари. Во тек е истражна постапка од надлежните органи за пронаоѓање на сторителите.
Во текот на една недела во дворот на истото училиште се случи и обид за кражба на новопосадените зимзелени дрвја од хортикултурното уредување на дворот.
Истата заврши неуспешно благодарение на вработените во училиштето.
Ваквите случаи на оштетување и уништување на инфраструктурните проекти наменети за најмладите граѓани, Општина Бутел најостро ги осудува и иствремено апелира за подигање на јавната свест со цел зачувување на опшествениот имот.