Украдени се регистарски таблички од автомобил кој што припаѓа на странска амбасада, информираат од СВР Скопје.
Според полицијата, настанот се случил во текот на вчерашниот ден во периодот од 23.00 до 09.20 часот.
– Вработена во амбасада на странска земја пријавила дека пред амбасадата на ул.„Франклин Рузвелт“ биле одземени дипломатските регистарски таблици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.