Кражба во црква во Штип, двајца полицајци повредени при обидот да ги спречат крадците

од Milan1
36 прегледи

Вчера околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода пет лица кои се обиделе да извршат кражба во црква кај место викано Елките во Штип и нападнале полициски службеници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во писменото соопштение се вели дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Според првичните информации повредени се двајца полициски службеници кои се транспортирани во Клиничка болница Штип.

Слични содржини