136
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека во тек е изработка на уникатен мурал на зградата на средното општинско училиште гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.
„Денеска во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се изработува мурал на нашата гордост, истакнатиот македонски револуционер и великан Гоце Делчев. Гоце е синонимот на македонската борба и еден од најголемите македонски преродбеници. Среќен сум што и преку едни вакви креативни идеи ги запознаваме и едуцираме децата и младите за македонската историја и за личностите кои се темелот на нашата државност“, вели Димитриевски.