Креаторот на „Squid Game“: Не се збогатив, имам доволно за да ставам храна на маса

од Vladimir Zorba
512 прегледи

ХВАНГ Донг-Хјук, креаторот на многу популарната телевизиска серија „Squid Game“, рече дека не е богат и покрај глобалниот успех на серијата.

Во интервју за „Гардијан посочи дека, во споредба со освоените 36 милиони долари, колку што победникот на дистописката игра во неговата серија добива, тој сè уште не е толку богат.

„Но, имам доволно. Имам доволно за да ставам храна на масата. И не е дека „Нетфликс“ ми плаќа бонус. „Нетфликс“ ме плати според оригиналниот договор“, додаде тој.

Документите, до кои дошол „Блумберг“, покажале дека „Нетфликс“ проценил дека серијата може да заработи околу 900 милиони долари, додека продукцијата чинеше само 21,4 милиони долари.

„Squid Game“ стана најгледаната серија на „Нетфликс“ по нејзината премиера во септември. Серијата следи група луѓе кои се натпреваруваат во серија смртоносни игри за да освојат доволно пари за да ги платат своите долгови.

„Волстрит журнал“ претходно објави дека Хванг во еден момент морал да престане да го пишува сценариото за серијата за да го продаде својот лаптоп за 675 долари во готово. Тој тогаш живеел со мајка му и баба му и бил во финансиски тешкотии.

Хванг изјави за „ИндиВајр“ дека приказната се заснова на проблеми во светот, вклучувајќи ја и економската криза во Јужна Кореја. Сепак, студијата ја отфрлаа приказната, која првично беше напишана како филм, една деценија бидејќи концептот е „премногу гротескен и премногу нереален“. Донг-Хјук рече дека пандемијата ја направила неговата серија попривлечна за „Нетфликс“.

Втората сезона допрва треба да се договори, а Хванг претходно за „Холивуд репортер“ изјави дека не е премногу воодушевен од идејата бидејќи изгубил шест заби поради стресот од снимањето на првата сезона.

„Немам добро развиени планови за „Squid Game 2“. Прилично е досадно да се размислува за тоа. Но, ако правам, сигурно не би го направил тоа сам. Би размислил да користам соба за писатели и би сакал поискусни режисери“, изјави Хванг за „Варајети“.

Слични содржини