Според анкетата на порталот LADBible, актерот Даниел Крег е прогласен за најдобар Џејмс Бонд на сите времиња. Во анкетата, Крег „се избори“ со легендарните актери кои го играа агентот 007, но на крајот, повеќе од 18.000 гласачи во анкетата го избраа.

Крег на тој начин ја победи конкуренцијата со 51 процент од гласовите, оставајќи ги Шон Конери (23,9 проценти), Пирс Броснан (16,6 проценти) и Роџер Мур (8,5 проценти) зад себе.

Во претходните фази на гласање, Тимоти Далтон брзо испадна со 3,7 проценти од гласовите, а австралискиот актер Џорџ Лазенбеј доби само 1,5 проценти.

Како што се очекуваше, и покрај резултатите, фановите беа огорчени во коментарите.

„Крег не е дораснат на Броснан. Конери, сепак, е едноставно најдобриот Бонд“, заклучи еден обожавател.

Патем, Даниел Крег досега го играше 007 агентот четирипати – во филмовите „Casino Royale“, „Quantum Of Solace“, „Skyfall“ и „Spectre“, а премиерата на продолжението „No Time To Die“ е одложена за ноември.

Слични содржини