173
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека целта на Русија не е да ја смени власта во Украина.
„Целта на специјалната операција не е промена на власта во Украина“, ги пренесува зборовите на Песков „Скај њуз“.
Ова е во спротивност со целите на руската влада на почетокот на инвазијата, кога Москва нагласи дека сака да ја собори украинската влада.