182
Кремљ во петокот ги отфрли медиумските извештаи дека директорот на ЦИА Вилијам Брнс ѝ понудил на Москва таен мировен договор кој би вклучувал давање делови од Украина на Русија, објави „Скај њуз“.
Приказната која во четвртокот ја објави швајцарскиот весник Neue Zürcher Zeitung , Кремљ ја окарактеризира како „измама“.
Беше објавено дека Брнс му понудил на Путин петтина од територијата на Украина во замена за итно прекинување на воените операции.
Весникот наведува дека понудата била испратена до Путин во средината на јануари.
Вашингтон ги отфрли тврдењата објавени во Neue Zürcher Zeitung како „целосно лажни“.