Крем супа со куркума и зеленчук

од Vladimir Zorba

Кремаста супа како прилог или како главно јадење.

Состојки:

– 500 гр карфиол

– 500 гр компири

– 1 главица кромид

– 1 чешне лук

– 800 мл супа од зеленчук

– 50 гр сланина

– 4 лажици маслиново масло

– 50 гр путер

– сол, бибер

– лажичка куркума

Подготовка:

Одделете го карфиолот на помали цветчиња и измијте го. Измијте ги компирите и исечкајте ги на коцки. Кромидот и сланината ситно исечкајте ги.

Загрејте го маслиновото масло на умерена температура, а потоа додадете го кромидот. Пропржете го кромидот неколку минути, а потоа додадете ја сланината.

Изгмечете го лукот, пропржете сè заедно една минута. потоа додадете карфиол и компири. Посолете и побиберете, па прелијте ја загреаната супа и варете 15 минути.

Ако компирите се подготвени, отстранете ги од шпоретот. Потоа додадете путер и куркума и претворете ја во кремаста супа со помош на миксер или блендер.

На здравје!

Слични содржини