Крем супа со пилешко и кари

од Vladimir Zorba

Топла крем супа за дождливи денови.

Состојки:

– 450 гр пилешко бело месо

– 4 моркови

– 1/2 карфиол

– 2 главици кромид

– 1 лажица путер

– 3 лажици кари зачини

– 2 коцки за супа

– 1,5 дл вода

– 2 прачки праз

– 3 лажици павлака за готвење

– сол, бибер

Подготовка:

Морковот, карфиолот и кромидот исчистете ги, па исечете ги на мали коцки.

Растопете го и загрејте го путерот во тава, додадете го карито и мешајте околу 30 секунди. Додадете го сечканиот зеленчук, па зачинете го и динстајте неколку минути.

Истурете вода, додадете ги коцките за супа и оставете да зоврие. Додадете го пилешкото бело месо исечкано на коцки и варете поклопено 20 минути.

По 20 минути извадете го месото и измешајте го зеленчукот во блендер. Повторно се става на шпорет, се додава празот исечкан на прстени. На крајот се додава павлаката за готвење.

Гответе уште неколку минути, а потоа додадете повеќе сол и бибер доколку е потребно.

На Здравје!

Слични содржини