Кремаст десерт со ореви

од Stefanija Kuzmanovska

Кремаст десерт во кој ќе уживате.

Состојки:

Кора:

– 1 јајце

– 1 шолја шеќер

– 1 шолја мелени ореви

– 1 шолја млеко

– 1/2 чаша масло

– 1 шолја брашно

– 1 прашок за пециво

Фил:

– 1 пудинг од ванила

– 3 дл млеко

– 2 лажици шеќер

– 150 гр путер

Подготовка:

Се мати јајцето и се додава половина шолја шеќер, па се продолжува со матење со миксер додека не се добие густа кремаста текстура.

Додадете го млекото и постепено додавајте го остатокот од шеќерот додека мешате. Потоа се мешаат со маслото, оревите и на крај се додава брашното измешано со прашокот за пециво. Матете со рака.

Вака подготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Кората треба да биде сочна, па важно е да не се препече.

Започнете со подготовка на филот. Одделете 1 дл млеко и во него измешајте ги пудингот и шеќерот, а остатокот од млекото ставете го во тенџере и варете додека не зоврие.

Намалете ја температурата и во врелото млеко додадете го подготвениот пудинг со нежно мешање. Кога сè ќе зоврие, тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади, а потоа измешајте го путерот и сè добро изматете со миксер.

Филот прелијте го врз изладената кора, врз која можете да ставите чоколадна глазура, цимет или мелени ореви.

Слични содржини