Почетна / Магазин / Деликатеси / Кремаста палента: ефтин и здрав доручек

Кремаста палента: ефтин и здрав доручек

Состојки:

– 4 шолји вода
– 1 лажичка сол
– 1 шолја палента
– 3 лажици путер
– пола шолја свежо нарендар пармезан

Подготовка:

Во сад со средна величина ставете вода, додајте сол и оставете го на оган да се вари.
Лесно турете ја палентата, но истовремено константно мешајте ја смесата за да не останат грутки.
Намалете ја температурата и оставете водата полека да испари, но и понатаму мешајте ја смесата се додека палентата не згусне.
Кога ќе се свари, тргнете ја од шпоретот и додајте го маргаринот како би била по кремаста и повкусна. Доколку сакате, можете да го додадете пармезанот.

loading...