258
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска оцени дека е неприфатлива евентуалната забрана на руските тенисери за учество на Гренд слем турнирот „Вимблдон“.
„Неприфатливо е спортистите да бидат заложници на некои политички предрасуди, политички интриги и непријателски дејствија кон нашата земја“, истакна Песков, пренесе РИА Новости.
Тој истакна и дека натпреварувањето ќе биде во загуба поради отсуството на руските тенисери, со оглед дека се на врвот на светските листи.