Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на својот српски колега Александар Вучиќ за објавата на Фејсбук на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, беше соопштено од Кремљ.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за „РИА Новости“ потврди дека рускиот претседател му се извинил на Вучиќ поради објавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за посетата на српската делегација на Вашингтон.
Претседателот на Србија синоќа изјави дека и рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров му се извиниле за несоодветната објава на Фејсбук на Захарова, а подоцна тоа го потврди и Кремљ.
„Путин, како и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, никогаш не ми се извиниле за ништо, а двајцата го сторија тоа за вакво нешто, без јас дури да го спомнам тоа“, изјави Вучиќ за РТС.