Кремљ демантира дека Путин донел одлука да се кандидира на претседателските избори

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин се уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во март 2024 година, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, демантирајќи ги медиумските извештаи дека Путин веќе одлучил да се кандидира.

„Путин се уште нема дадено никакви изјави во врска со ова. Се уште не е објавена изборната кампања“, изјави Песков, пренесува ТАСС.

Претседателските избори во Русија се очекува да се одржат на 17 март 2024 година, а одлуката ќе ја донесе следниот месец Советот на Федерацијата, Горниот дом на парламентот. Според руските закони, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат.

„Ројтерс“ објави дека Путин одлучил да се кандидира за реизбор во март, што потенцијално ќе му овозможи да остане на власт најмалку до 2030 година.

Слични содржини