19
Европејците трошат пари за ублажување на илузорната закана што наводно доаѓа од Руската Федерација, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со предлогот за зголемување на трошоците за одбрана во рамките на НАТО, пренесе РИА Новости.
„Европските даночни обврзници ги трошат своите пари за ублажување на заканата што, како што велат, доаѓа од нашата земја. Сепак, ова не е ништо повеќе од илузорна закана. Ако владите на европските земји-членки на НАТО сакаат да го сторат ова со парите на своите даночни обврзници, нека го сторат тоа“, рече Песков.
Во исто време, портпаролот на Кремљ нагласи дека Русија нема да се двоуми да распореди ракети со среден и краток дострел како одговор на акциите на НАТО.