Кремљ ги поздрави разговорите меѓу Иран и САД и побара нуклеарното прашање да се реши по дипломатски пат

од Nikola Popovski
36 прегледи

Русија ги поздравува преговорите меѓу Иран и САД во врска со иранската нуклеарна програма и смета дека ова прашање мора да се реши исклучиво преку дипломатски средства, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во интервју за иранската новинска агенција ИРНА.

„Убедени сме дека сите прашања поврзани со иранската нуклеарна програма мора да се решаваат исклучиво преку политички и дипломатски средства“, нагласил портпаролот.

Песков порачал дека Русија смета дека мирното решавање на иранското нуклеарно прашање е еден од своите приоритети и е подготвена да ги вложи сите можни напори за поддршка на преговарачкиот процес.

Песков, исто така, истакнал дека дијалогот меѓу Русија, Иран и Кина за различни прашања, вклучително и иранското нуклеарно прашање, е од клучно значење за стабилноста на Блискиот Исток.

„Дијалогот за различни прашања меѓу Русија, Иран и Кина е од големо значење, како од гледна точка на интересите на сите три земји, така и од аспект на зачувување на стабилноста и безбедноста во регионот на Блискиот Исток“, рекол Песков.

Во Рим денеска се одржува вториот круг разговори меѓу иранската и американската делегација, со кој претседаваат министерот за надворешни работи на Исламската Република Иран, Абас Арагчи и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виток. Посредник во разговорите е министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад бин Хамуд ал Бусаиди.

Слични содржини