Кремљ: Милијарда долари од САД за Киев – кражба на руски имот

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Кремљ денеска објави дека милијардата долари, кои наводно Вашингтон ги испратил во Украина преку Светска банка, а кои биле покриени со профит од замрзнати руски средства, претставуваат еден вид кражба. „Овие пари ни се украдени. И тие резерви што се блокирани, тие се блокирани апсолутно незаконски. Тоа е спротивно на сите норми и правила“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој предупреди дека таквите акции на САД може да доведат до правни дејствија од страна на Русија, која, како што рече, „ќе ја искористи секоја можност да ги заштити своите права и сопственичките права“, пренесе Ројтерс.

Украинскиот премиер Денис Шмихал во вторникот објави дека земјата добила една милијарда долари од САД од замрзнатите руски средства и дека ова е првиот дел од 20 милијарди долари што Вашингтон му ги ветил на Киев.

Во посебна изјава Шмихал рече дека Киев добил и една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а таа транша е доделена под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светска банка.

Слични содржини