Кремљ му одговори на Киев во врска со тврдењата дека војната е во ќор-сокак

од Stefanija Kuzmanovska
404 прегледи

Кремљ денеска го отфрли тврдењето на висок воен функционер во Киев дека конфликтот во Украина, кој трае речиси две години, е „во ќор-сокак“.

„Не, конфликтот не е во ќор-сокак“, изјавил за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на изјавата на врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни во интервју за весникот „Економист“.

Според него, Русија ја продолжува својата „специјална воена операција“ без попуштање.

„Треба да се постигнат сите поставени цели“, истакнал Песков.

Залужни за британскиот неделник за конфликтот во Украина изјави дека „исто како и во Првата светска војна, достигнато е технолошко ниво кое води во ќор-сокак“.

Според неговата проценка, помрднувањето од мртва точка бара огромен технолошки пробив.

Од јуни, Украина спроведува бавна контраофанзива во обид да ги ослободи окупираните територии на исток и југ.

Портпаролот на украинската војска Олександр Ступун денеска изјави дека бројот на руските напади „малку се намалил“ околу градот Авдијевка во источна Украина, каде интензивните напади траат веќе неколку недели.

Слични содржини