Кремљ: НАТО е во директен конфликт со Русија

од Milan1
368 прегледи

Кремљ објави дека е јасно оти НАТО е во директен конфликт со Русија, реагирајќи на изјавата на генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, дека членките на НАТО треба да дозволат Украина да удри длабоко во Русија со западно оружје.

Столтенберг изјави за „Економист“ дека членките на НАТО кои испорачуваат оружје на Украина треба да ја укинат забраната за употреба на оружје за напад на воени цели во Русија.

„НАТО го зголемува степенот на ескалација“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за рускиот весник „Известија“ на прашањето за изјавите на Столтенберг.

Песков рече дека НАТО „флертува со воена реторика и паѓа во воена екстаза“, пренесува „Ројтерс“.

Запрашан дали НАТО е се поблиску до директна конфронтација со Русија, Песков рече: „Тие не само што се приближуваат до тоа, тие се во неа“.

Рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати го предупреди Западот дека ризикува глобална војна за Украина и дека директен конфликт меѓу Русија и НАТО би значел дека планетата е на работ на Трета светска војна.

Слични содржини