232
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ нема информации за можна болест на лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров, а исто така ги демантираше информациите дека Кадиров наводно се сретнал со Владимир Путин.
Претходно на социјалните мрежи се појавија непотврдени информации дека Кадиров наводно починал ноќеска во Централната клиничка болница на Управата на претседателот на Руската Федерација, пренесе РИА Новости.
Украинските разузнавачи објавија информации дека Кадиров е во тешка здравствена состојба.