290
Кремљ денеска посочи дека има „многу амбициозни“ цели со Турција, еден ден по изборот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за нов петгодишен мандат.
Ердоган има солидни лични односи со неговиот руски колега Владимир Путин, наведе „Франс прес“.
„Постои доста силна динамика во спроведувањето на заедничките проекти (меѓу Москва и Анкара) и се надеваме дека оваа динамика ќе се одржи, целите се многу, многу амбициозни“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.