Кремљ реагираше на изјавата на Бајден дека Путин е „луд кучкин син“

од Stefanija Kuzmanovska
414 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека е срамно што американскиот претседател Џозеф Бајден го нарекол рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“.

Песков рече дека Бајден се обидува да демонстрира однесување „во стил на холивудски каубој“, но дека, како што наведе, не му успева, пренесе РИА Новости.

Во средата, Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“, велејќи дека поради него и други секогаш мора да биде загрижен за можен нуклеарен конфликт, иако, како што истакна, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото, објави АП.

Бајден ги даде забелешките додека им се обрати на донаторите во приватен дом во Сан Франциско како дел од тридневното собирање средства во Калифорнија за неговата кампања за реизбор во 2024 година.

Слични содржини