Кремљ: Русија не го менува ставот за влезот на Украина во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
472 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли како неточни медиумските шпекулации дека Русија е подготвена да го прифати неутралниот статус на Киев и да го промени ставот за влезот на Украина во НАТО.

„Ова не е вистина, тоа е апсолутна лага“, рече Песков, пренесе РИА Новости.

Додава дека Кремљ е незадоволен од исходот на состанокот на Советот за безбедност на ОН за соборувањето на рускиот авион „Иљушин“.

„Прекинот на транзитот на гас низ Украина ќе ги наруши синџирите на снабдување“

Прекинот на транзитот на руски гас низ Украина ќе доведе до промени во синџирите на снабдување, истакна Песков.

Одговарајќи на прашањето дали прекинот на транзитот ќе влијае на исполнувањето на обврските на Русија за испорака на гас во Европа, тој рече дека постојат алтернативни патишта за транспорт на рускиот гас, како што е она преку Турција, но, како што објасни, тие се веќе зафатени на многу начини, пренесува РИА Новости.

„Прашањето е како тој гас ќе стигне таму (до Европа). Се разбира, како што знаете, постојат рути поврзани со Турција. Има залихи на течен гас, кои во моментов се многу барани. Односно, има алтернативни рути, но, пред сè, тие се веќе резервирани на многу начини и, се разбира, тоа ќе доведе до промени во сите синџири на снабдување“, посочи Песков.

Слични содржини