Кремљ се огласи за првпат по наводите дека Суровикин знаел за бунтот на Пригожин

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков зборуваше за информациите на „Њујорк Тајмс“ дека генералот Сергеј Суровики знаел дека се подготвува бунтот на вагнеровците, како и дека го поддржал Евгениј Пригожин.

Коментирајќи ги негативните објави за заменик командантот на руските вооружени сили во Украина, генерал Сергеј Суровикин, Песков наведува дека тоа се шпекулации и озборувања.

„Сега ќе има многу шпекулации, озборувања и слично за овие настани. Мислам дека ова е еден таков пример“, рече Песков, одговарајќи на барањето на новинарите да ги коментира информациите што се појавија во медиумите дека генералот Суровикин наводно знаел за плановите на Пригожин да започне бунт.

Слични содржини