Кремљ: Украински милитанти активни во Белгород, отворена истрага за тероризам

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Кремљ соопшти дека „украинските милитанти“ се уште се активни во руската погранична област Белгород, еден ден откако локалните власти прогласија антитерористичка операција за да се одбие, како што велат, диверзантската група од Украина.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека руска воена кампања во Украина е покрената за да се спречат таквите упади.

„Ројтерс“ пренесува дека тој рекол дека се потребни повеќе напори од руската страна за да се спречат вакви инциденти.

Инволвираната група се чини дека се идентификувала како етничка руска милиција против Кремљ, пишува „Гардијан“.

Запрашан за ова, Песков рече дека во Украина има многу етнички Руси и дека напаѓачите се уште се „украински милитанти“.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека жителите од девет населени места во регионот се евакуирани.

Тој тврди дека бројни населби биле под „минофрлачки и артилериски оган“.

Тоа укажува дека се повредени 12 цивили, а оштетени се 29 приватни куќи и три автомобили.

Претходно тој објави видео изјава во која ги предупредува жителите да се држат настрана од погодената област.

Русија отвори истрага за тероризам во врска со инцидентот во Белгород.

Според истрагата, на минофрлачки и артилериски гранатирања биле изложени станбени и административни згради, како и објекти од цивилна инфраструктура.

Како резултат на овие криминални дејствија, повредени се неколку цивили.

Во моментов се спроведуваат истражни и оперативни мерки за утврдување на идентитетот на напаѓачот и сите околности на инцидентот.

Слични содржини