Кремљ соопшти дека Русија е „генерално позитивна“ за можноста за мировни преговори со Украина, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да преговара за прекин на огнот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите, сепак, изјави дека не е јасно како тоа ќе функционира бидејќи Украина има законска забрана за преговори со Русија.
Коментарот се однесуваше на декретот издаден од Зеленски во 2022 година, со кој се отфрла преговори со Путин, откако рускиот претседател потпиша закони со кои формално апсорбира четири украински региони во Русија.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му кажа на Конгресот дека Зеленски му испратил писмо во кое се наведува дека Украина е подготвена да дојде на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи траен мир.
Трамп, исто така, рече дека бил во „сериозни разговори со Русија“ и дека „добил силни сигнали дека тие се подготвени за мир“.
„Зарем тоа не би било убаво?“ рече Трамп.
„Време е да се запре ова лудило. Време е да се запре убивањето. Време е да се стави крај на оваа бесмислена војна. Ако сакате да ставите крај на војните, треба да разговарате со двете страни“, додаде тој.
Трамп не откри повеќе детали за тоа како планира да стави крај на најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.