Кремљ за тоа дали напаѓачите од Москва биле измачувани: „Без коментар“

На видеата и фотографиите од четворицата мажи во судот се гледаат осомничените со очигледни знаци на повреди, вклучувајќи модринки, отечени лица и завои.

од Бети Божиноска

Официјален Кремљ денска одби да коментира дали четворицата обвинети за терористичкиот напад во Москва во петокот биле измачувани откако осомничените се појавиле на суд со видливи знаци на претепување, пришува „Политико“.

Рускиот суд во неделата одреди притвор до 22 мај за четворицата мажи обвинети за терористиќкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва во петокот, во кое беа убиени речиси 140 лица, а повеќе од 180 лица беа повредени. Тие се обвинети за терористички чин.

На видеата и фотографиите од четворицата мажи во судот се гледаат осомничените со очигледни знаци на повреди, вклучувајќи модринки, отечени лица и завои.

Еден од нив, кој едвај бил свесен, бил донесен во инвалидска количка. Друг имал облога што му го покрива увото откако на снимките на социјалните мрежи се гледа како руските безбедносни службеници му го отсекуваат.

Но, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, одби да ги коментира извештаите дека осомничените терористи биле измачувани.

„Го оставам ова прашање неодговорено“, изјави Песков за Си-ен-ен на прашањето што се случило со осомничените.

Властите ги уапсија четворицата осомничени во саботата заедно со уште седум други лица поврзани со нападот. Руските медиуми објавија дека сите уапсени се државјани на Таџикистан.

Огранок на Исламската држава, ИД-К, ја презеде одговорноста за масакрот, еден од најсериозните терористички напади што Москва ги доживеа во последните години.

 

Слични содржини