Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во Украина секој западен објект за производство на оружје, што се користи против Русија, ќе биде цел на руската армија.
Песков изјави дека Кремљ има негативен став за одлуката на британскиот производител на оружје „БАЕ системс“ да отвори база во Украина, пренесува Ројтерс.
„Се разбира, секој објект за производство на оружје, особено она што се користи против нас, станува објект од посебен интерес за нашата армија“, рече Песков во разговор со новинарите.