Kрим повторно доби струја

од Vladimir Zorba

Сите населби на полуостровот Крим добија денеска струха, откако ноќта меѓу саботата и неделата минатиот викенд, непознати сторители ги минираа столбовите за снабдување на Херсоноската област.

 
234912 (1)-„Од денес нема ниедно населено место на Крим кое нема струја“, соопшти прес службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

На територијата на Крим беше воведена вонредна состојба, откако без електрична енергија останаа околу 1,6 милиони потрошувачи.

Далекуводите беа исфрлени од системот со експлозии, а поправката ја спречуваа непознати лица, кои не им дозволуваа на работниците да се приближат до оштетените столбови.
Цел Крим беше префрлен на алетернативно снабдување со електрична енергија, а приоритет беа болниците и објекти на државната управа.

Слични содржини