Крим-техничар од Гостивар украл 75.000 евра запленети како докази

од Nikola Popovski
27 прегледи

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник од ОВР Гостивар. Постои основано сомневање дека полицискиот службеник сторил кривично дело Проневера во службата.

Осомничениот како како крим техничар бил ангажиран на увид во кој биле пронајдени предмети – парични средства во износ од 25 000 евра и златен накит во вредност од 50.000 евра кои тој ги фотографирал и подигнал. По извршениот увид во рамките на своите службени должности настанот и предметите уредно биле внесени во дневната книга на настани и ЦЕМС системот. Осомничениот направил неколку обиди да ги предаде предметите на надлежниот јавен обвинител, но поради немање услови за чување во обвинителството, по насоки на јавен обвинител тој ги заклучил во неговиот шкаф во работната просторија. Предметите биле таму сѐ до моментот кога, иако му биле доверени во службата, одлучил да ги присвои. Така во неколку наврати подигнувал дел од парите и од златниот накит што го разменувал во златарница за парични средства кои понатаму ги користел за отплаќање на долгови. За да ги сокрие трагите, осомничениот ја извадил бравата од шкафот во неговата работна просторија и исценирал дека истиот е обиен.

Во текот на вчерашниот ден, кога неговите колеги го известиле за настанот, односно дека се прави увид во неговата канцеларија заради обиениот шкаф, тој дошол и го признал делото изразувајќи каење.

Предметниот обвинител на судијата на претходна постапка ќе му предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Слични содржини