Криминалците можат да ја искористат новата верзија на куклата Барби со вграден Wifi и преку детето да добијат пристап до дома, пишува Њујорк Пост.

За ова предупредил претседателот на платниот систем MasterCard Аджај Банги на конференција за сајбер безбедност.
“Hello Barbie” е новата Барби кукла на компанијата производител “Матеј”, која има вграден микрофон и звучник, за да слуша и да им зборува на децата. Новата хај Барби кукла се поврзува со интернет преку Wifi или Bluetooth.
Криминалците можат со гласот на Барби да дознаат од детето кога мама и тато одат на работа и дома нема никој.
Уште во декември, кога стана јасно дека хакери може да добијат пристап до паметна кукла преку безжична врска, алармираат од „Матеј“.