Криминалец од Албанија со калашников убил 8 негови роднини

од desk3
104 прегледи

Во селото Ресулај во близина на албанскиот град Валона лице познато по неговите криминални активности убило дури 8 лица од три семејства, инаку негови блиски.

Полицијата информираше дека масакрот се случил во петокот попладне. Според албанското МВР, убиецот е Ритван Зукај кој со калашников прво убил четири лица кај неговиот дедо, а потоа кај неговиот чичко убил уште четири други лица, инаку негови роднини. Меѓу убиените се и три жени и две деца.

Албанските медиуми информираат дека убиствата се случиле по кавга во поширокото семејство, а на социјалните мрежи во Албанија повеќе корисници бараат изрекување на смртна казна за сторителот