Криминалецот Груевски откри нови работи, дали контактира со Арсовска, прашува Каевски

од Nikola Popovski
264 прегледи

Вчерашната пресуда за предметот „ТНТ“ во кој осудени се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија. Вообичаено, веднаш по изрекувањето на пресудата Груевски откри нови работи, односно дека тој бил во комуникација со актуелен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Дали Данела Арсовска е градоначалникот и контактот на Груевски со кој тој комуницира редовно?, прашува портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Според него, објавата на Груевски само го потврдува она што СДСМ го тврди, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е управувана од Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само извршител на Груевски.

-Заради нарачаките на Груевски ВМРО-ДПМНЕ во време на криза го блокира Собранието, работи на штета на интересите на граѓаните и државата. Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е непроменета, криминална и режимска партија управувана од Будимпешта, констатира Каевски.

Поранешниот премиер вчера доби нови девет години затвор за уривањето на комплексот „Космос“, неговиот поранешен соработник и поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески доби 3 години, додека поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски доби 4 години затвор.

Слични содржини