Крис Браун повторно нападнал жена?

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Раперот Крис Браун нападна жена среде бел ден. Инцидентот се случил рано наутро на 26 март во Мајами.

Браун беше снимен во друштво во куќа што ја најмил за овогодинешното издание на Ultra Music Festival. Очевидци го виделе како дава млада жена, објави „ТМЗ“.

Според зборовите на неговиот адвокат сепак, жената, која изведувачот ја држи за врат, е неговата девојка, а случката е шега.

„Ова е неговата девојка. Очигледно, сето ова е игра, како што потврди таа. Оној кој се меша во нивниот личен живот ќе плати за тоа“, прокоментира Марк Џерагос.

Во 2016 година, Крис Браун бил испитуван откако една жена го обвини за напад. Лизен Гутиерез сподели дека била на приватна забава во апартман на Браун, во хотел во Лас Вегас. Таа успеала да внесе телефон на забавата и почнала да го снима раперот.

Браун збеснал, почнал да вреска на Лизен и ја удрил во лицето.

Во 2009 година, Браун ја претепа и Ријана, која во тоа време му беше девојка. По инцидентот, тој беше уапсен и осуден на пет години условно.

Слични содржини