Крис Еванс прогласен за најсекси маж на светот за 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Крис Еванс е прогласен за најсекси маж на светот за 2022 година од страна на магазинот People, откако неговиот колега од серијата на Марвел, Капетан Америка, Пол Руд ја освои истата титула во 2021 година.

Еванс е прогласен за овогодинешниот добитник на титулата во емисијата „The Late Show With Stephen Colbert“.

Еванс (41) рече дека едвај чека да ја сподели веста со својот најголем обожавател – неговата мајка.

„Мама ќе биде толку среќна“, рече Еванс во интервју за People.

„Таа е горда на се што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали“.

Слични содржини