Слухот вратен на глуво девојче со помош на нова генетска терапија

од Milan1

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен на таков начин пренесува „Гардијан“.

Сенди имала аудитивна невропатија, медицинска состојба која ги спречува нервните импулси да патуваат од внатрешното уво до мозокот. Таа е најчесто предизвикана од неисправен ген.

По 16-минунтна интервенција, во која се внела „коргириана“ верзија од генот, Оупал сега може да го чуе најтивкиот шепот на мајка ѝ, а и почнала да ги кажува своите први зборови, како „мама“ и „дада“.

„Резултатите од Оупал се спектакуларни – нејзиниот слух е речиси целосно вратен. Се надеваме дека генетската терапија би можела да биде потенцијален лек. Имаше толку многу работа додека да стигнеме до овде, децении се во прашање. Тоа што конечно видовме нешто што вистински функционира беше доста спектакуларно и навистина инспиративно“, вели проф. Манохар Бенс, главниот истражувач во клиничкото испитување.

Во меѓувреме, слухот ѝ бил вратен и на уште едно дете преку истата терапија.

За разлика од ушните апарати, кој го само ги прават сите звуци погласни за наглувите лица, генетската терапија го враќа осетот за слушање. Преку внесување на коригираните гени во безопасен вирус, самите влакна во увото кои биле оштетени стануваат поосетливи на звук.

Слични содржини