Актерот Крис Хемсворд ги воодушеви фановите од Австралија. Додека целиот континент се бори со големите пожари, овој актер, кој е роден во Австралија, одлучил до своето семејство да донира дури еден милионил долари.
– Поздрав до сите. Како и целиот свет и јас сум погоден од ова што се случува кај нас во Австралија. Одлучив да донирам милион долари. Нека донира кој може, секој цент е важен – изјавил Крис.
Хемсворд се прослави со улогата на Тор во блокбастерот од 2011 година, а летоска ги изненади обожавателите кога најави дека се повлекува од актерството и зема пауза бидејќи приоритет му е семејниот живот.
За среќа, љубителите на Хемсворт ќе можат да го гледаат како повторно го глуми Тор бидејки следната година би требало да излезе „Thor: Love and Thunder“, под режисерската палка на Таик Валтити.
Пејачките Пинк и Кајли Миног и актерката Никол Киднам донирале секоја по половина милион американски долари, а кампањата продолжува.