Крис Нот и неговата сопруга повторно заедно

од Vladimir Zorba
680 прегледи

Крис Нот се обидува да биде примерен сопруг и да ги врати сопругата и семејството. Неговата сопруга Тара Вилсон веќе извесно време е отсутна од дома, ја обиколуваше Америка за време на божиќните празници поради обвиненијата за сексуален напад од страна на актерот врз неколку жени. Приказните се од пред многу години, а тој тврди дека било со заедничка согласност. Меѓутоа, еден инцидент се случил за време на неговиот брак, три години откако се оженил со Тара.

Парот изгледа се обидува да ги поправи работите. Во средата Нот бил забележан како купува во самопослуга во Лос Анџелес, а пред тоа се шетал со Тара и момчињата – Орион има 14 години, а Китс една година, пренесува „Дејли мејл“.

Ова е првпат 67-годишниот Нот да биде виден во друштво на своето семејство по обвинувањата.

Крис го носи својот венчален прстен, но 39-годишната Тара не. Тие се обидуваат да вратат малку нормалност по скандалот кој моментално го измачува Крис, велат нивните блиски. Тој доби отказ од серијата во која учествуваше – „Бранителот“ и генерално остана без поддршката од колегите.

Тара била релативно добро расположена додека разговарала со сопругот, велат очевидци. Тие ги натовариле торбите за пазарење во нејзината бела „Тесла“.

Вкупно четири жени се жалат за напад од страна на актерот. Последната рече дека актерот ја допирал без согласност кога работела како водителка и пејачка во ресторанот „Да Марино“ на Менхетен во 2010 година. Таа тогаш имала 18 години, а Нот 55.

Слични содржини