Што прави ѕвездата од „Сексот и градот“ една година по обвинувањата за силување?

од Stefanija Kuzmanovska

Сè изгледаше добро кога во декември 2021 година актерот Крис Нот и неговата сопруга Тара Вилсон присуствуваа на премиерата на продолжението на хит серијата „Сексот и градот“ наречена „И баш така…“, каде ја репризираше улогата на познатиот Mr. Big.

Меѓутоа, само една недела подоцна, две жени го обвинија за сексуален напад, а приказната ја објави The Hollywood Reporter. Вкупно пет жени изјавиле дека биле нападнати од Нот.

Во напис на списанието „Ролинг Стоунс“ од јануари 2022 година, повеќе жени тврдеа дека актерот бил познат по тоа што одел по барови и се обидувал да пипка жени.

Се шушка дека поради целата ситуација Крис ги загубил сите работни места – неколку улоги во серии, а негова реклама за познат бренд била повлечена.

И покрај бројните обвинувања, Page Six известува дека полицијата никогаш не стапила во контакт со актерот, иако помина една година од неофицијалните обвинувања.

Против Нот никогаш не била поднесена кривична пријава. Тој ги отфрли и новите обвинувања дека силувал две жени во 2004 и 2015 година. Сепак, тој потврди дека и двете жени спиеле со него, но тврди дека се согласиле на тоа.

„Крис ја изгуби секоја работа што ја доби, но никогаш не беше тужен и никогаш не беше поднесена кривична пријава против него. Ниту едно барање не е решено“, рече изворот и додаде:

„Да одеше жена во полиција, властите ќе имаа обврска да истражат без разлика на застареноста, но ништо не се случи. Општо земено, отсуството на полициски извештај или граѓанска жалба не е доказ дека наводите се лажни. Има многу причини зошто тужителите не поднесуваат тужби и не сакаат да поднесат пријава во полиција. Покрај тоа, според неодамна донесениот закон во Њујорк, некои тужители може да одлучат да поднесат тужба во иднина. Ниту еден барател нема законска обврска да контактира со полицијата или да поднесе обвинение“.

Крис Нот истакна дека сите наводи се лажни.

„Обвинувањата против мене изнесени од поединци со кои сум се запознал пред повеќе години, дури и пред неколку децении, се категорично лажни“, наведе тој.

Слични содржини