Во текот на завчерашниот ден (27.04.2026) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш. (68) од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години” по чл. 188 од КЗ, односно затоа што од 2023 година принудувал на сексуални односи малолетник од Скопје, а го злоупотребувал и за снимање видео материјал со порнографска содржина.
По обезбедување на целокупниот доказен материјал, од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти против С.Ш. поднесена е кривична пријава по итна постапка, а од страна на судија на претходна постапка на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина. На детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе ги покаже на други лица.