Полицијата вчера уапсила пет лица засемејно насилство, од кои двајца од Куманово, по еден од Велес и Струмица и еден државјнанин на Република Словенија.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи синоќа во 21 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 31 годишна сопруга и двете малолетни деца.
-Вчера во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(57) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка, соопшти МВР.
Во 20:40 часот на булеварот ,Македонски Просветители, во Охрид полицијата го уапсила е И.К.(48) од Љубљана, Република Словенија.
-Државјанинот на Словенија е лишен од слобода по по претходна пријава дека во стан во Охрид, по вербална расправија физички ја нападнал неговата сопруга, соопшти МВР.
Во 08:30 часот упасен е 23-годишен велешанец, а полицијата постапила по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 24-годишна сестра.
-Вчера во 16:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 36-годишен жител од тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 65-годишна мајка, соопшти МВР.
Од Министерството велат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.