Крис Рок за првпат се огласи за инцидентот со Вил Смит на Оскарите: „Болеше“

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Комичарот Крис Рок за првпат проговори по инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на Оскарите.

Имено, актерот Вил Смит му удри шлаканица на Рок на сцената и тоа пред сите, откако комичарот и водител на Оскарите се пошегува на сметка на сопругата на актерот, Џејда Смит, и фактот дека таа нема коса.

Иако овој настан го споменуваше во своите стенд ап настапи, Крис Рок досега јавно не проговорил за ова, иако овој скандал се случи во март.

Сега реши да се огласи.

„Секој што ќе каже дека зборовите болат, никогаш не бил удрен во лице. Да, болеше, но јас не сум жртва. Отидов на работа следниот ден. Не одам на болница поради посекотини од хартија“, рекол Крис Рок, пренесува „Пипл“.

Да потсетиме, инцидентот се случи кога Крис Рок го претстави најдобриот документарен филм на Оскарите, попатно шегувајќи се со избричената глава на Џејда Пинкет Смит споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „G.I. Jane“.

Рок рече дека едвај чека да ја види Пинкет Смит, кој има алопеција, како глуми во „ G.I. Jane 2“, што го натера Смит да се качи на сцената и да го удри Рок.

Смит се врати на своето место и рече – „Држи го името на мојата сопруга надвор од твојата уста“.

Слични содржини