Крис Рок жестоко кон Вил Смит: „Сопругата те изневери со пријател на твојот син, а потоа…“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на последните Оскари. Имено, Крис се пошегува со фризурата на сопругата на Вил, Џејда Пинкет Смит, па поради тоа доби шлаканица од актерот.

Јавноста ја осуди оваа постапка на Смит, а комичарот сега се огласи на оваа тема со примеси на хумор и иронија.

Меѓутоа, во едно неодамна емитувано стенд-ап шоу, Рок пред полна сала упати голем број навреди кон Вил Смит.

„Сопругата те изневери со пријател на твојот син, а потоа те покани во нејзината емисија да те интервјуира. Како се чувствуваше?! Сите викаа дека си испаднал пи**а, а јас бев единствениот што се обиде да те добие и да разговара со тебе. Нема кој не те прозиваше, а ти ме удри мене?! Кучко!“, рече меѓу другото Крис Рок.

Слични содржини