Криси Тајген на маестрален начин спои фармерки и високи чизми

од Elena Daskalova
520 прегледи

Криси Тајген е позната по тоа што секогаш умее да направи незаборавни модни комбинации, кои секоја девојка сака да ги ископира барем еднаш.

За есенските денови таа избра едноставни фармерки, кои ги искомбинира со ролка, високи кафеави чизми и мантил од вештачка кожа во истата боја како и чизмите.

Иако едно по едно, сите парчиња од нејзиниот стајлинг се едноставни, нејзината умешност да ги спои во неповторлива комбинација повторно се истакна.

Погледнете како сето тоа изгледаше и инспирирајте се. Криси е доказ дека дури и без премногу модни додатоци и детали може да се постигне совршен изглед.

Слични содржини