Криси Тејган се извини дека за време на доделувањето Американските музички награди ѝ се виделе интимните делови.
Американскиот модел и сопруга на пејачот Џон Леџенд ја објави изјавата на Instagram, каде што има повеќе од девет милиони следбеници.
За време на свечената церемонија манекенката ги шокираше сите со шлиц на фустанот кој доаѓаше до половината.
Така се овозможи глетка, која очигледно покажуваше дека убавицата нема долна облека под фустанот.
“Да го прифатат извинувањето сите кои се почувствувале физички или психички малтретирани од мојата вагина”, напиша Тејган.
Исто така таа се заблагодари на организаторите на музичкиот настан на своите стилисти и на салонот за ласерско отстранување на влакна.