Криси Тејган призна дека патела од постпородилна депресија

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Моделот Криси Тејган која е и една од најжешките мајки во Холивуд, призна дека страдала од постпородилна депресија, откако во 2016 година ја пречека на свет ќерката си Луна Симон Стивенс. Криси е мажена за пејачот Џон Леџенд и двајцата се многу сакани од своите обожаватели. Самата Криси сепак го покрена прашањето за постпородилната депресија во отворено писмо за списанието “Гламур”.

Во него таа наведува: “Да почнеме со тоа – многу од вас мислат дека можеби јас сум најсреќниот човек на планетата. Имам неверојатен сопруг – Џон, со кого сме заедно преку 10 години. Тој беше до мене во сите моменти на успех и пад. Тој ме видел во најлошата светлина “.

Потоа продолжува со раскажување, а таа и Џон ја пречекале ќерката Луна на свет.  “Луна е перфектна. Таа е некако исто како мене, исто како татко и точно како себе. Ја обожавам. Имав сè, за да бидам среќна. И покрај тоа, во последната година се чувствував несреќно. Уште во декември сфатив дека страдам од постпородилна депресија “, признава таа.

Криси раскажува како сè ја дразнело без причина и ја барала во секоја околност виновникот за лошото расположение. Конечно утврдила дека да е депресивна не е лош знак, туку кога го прифаќаш – едноставно го преживуваш. Со многу љубов и поддршка.