Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, изјави дека италијанската Серија „А“ е првенство,
кое претставува најсериозен предизвик за напаѓачите. CR7 рече дека се чувствува добро на
Апенините и го дефинира Калчото како „конкурентно првенство“.

„Среќен сум во Италија и во толку конкурентен шампионат. Моето искуство досега е многу убаво.
Се чувствувам добро. Се чувствувам прилагоден на италијанскиот шампионат, што е тежок
шампионат. Според мое мислење ова е најтешка лига за напаѓачите. Ова е шампионат со многу
квалитет. Не очекував Серија „А“ да биде толку добра“, рече 34-годишниот Португалец, цитиран од
„Фудбал Италија“.
“Не ми е тешко да се адаптирам на друга земја или култура. Не ми недостасуваат Шпанија или
Португалија. Се разбира, оставив многу пријатели, оставив голем клуб. Си заминав од еден клуб кој
ми даде многу љубов, фанови, пријатели … Сепак земјата не ми недостасува, бидејќи тука ги имам
истите работи. Не ми беше тешко“, продолжи освојувачот на пет „Златни топки“.
„Според мое мислење во Серија „А“ е потешко да се бележат голови отколку во Ла Лига, каде што
фудбалот е отворен. Таму тимовите преземаат повеќе ризици, а приоритет тука е да се браниш
добро, а нападот доаѓа после тоа. Во Шпанија тоа не е така. Речиси секогаш е поотворена играта.
Играв 5 години и во Англија, но продолжувам да мислам дека во италијанското првенство е
најтешко да се постигнува голови“, рече уште Роналдо.